ДИГИТАЛНИ АЛАТКИ ЗА ЕПИГРАФИЧАРОТ
15 – 19 април
Онлајн преку Zoom и YouTube
Краен рок за пријавување: 10 април
Проектот PROMETHEUS (CREA–CULT–2023–COOP) со задоволство ве поканува да учествувате на нашата прва обука за дигитална епиграфика (EpiDoc, EFES и други дигитални алатки и методи) и дигитално раскажување приказни, во рамките на Работниот пакет 2 – Јакнење на капацитетите.
Придружете ни се на работилницата и дознајте повеќе за:
● EpiDoc (потребно е познавање на старогрчки и латински)
● EFES и фронт-енд сервиси
● Zenodo
● GitHub
● Zotero
● 3D снимање
● Други дигитални алатки
За да се пријавите за учество на работилницата, пополнете го следниот формулар:
Форма за пријава
Освен формуларот за пријава, Ве молиме да го пополните и анкетниот прашалник за работилницата (достапен и преку формуларот):
Анкета
Епиграфските споменици се важен дел од културното наследство и моќна алатка за препознавање на универзалните човечки вредности како врска меѓу минатото, сегашноста и иднината. Натписите од Југоисточна Европа и Балканот, напишани на старогрчки и латински, сè уште имаат многу неискажани приказни и треба да го продолжат својот дигитален живот.
Следете нè и останете во тек со деталната програма!