Нашите автори

НАШИТЕ АВТОРИ

 

Андреј Велков

Андреј Велков е роден во 1977 година во Софија. Завршил политологија и маркетинг. Претприемач е, кој се занимава со дигитални медиуми и Web3. Во последните петнаесет години пишува остронаративна (трилерска) литература, при што жанровски експериментирал во областа на социјалната сатира, турбореализмот и алтернативната историја. Резултатот се десетици раскази, неколку филмски сценарија и пет романи – „Бугарски психо“, „Хрониките на Единицата“, „Нема кога“, „Ерата на паника“ и неодамна издадениот „Реквием за една држава“.

Приказни:

„Летно попладне во Августа Трајана“

 

Александар Мануилов

Александар Мануилов е бугарски писател, драматург и сценарист. Студирал теорија на книжевноста и славистика на Софискиот универзитет (1997–2003) и се специјализирал на Карловиот универзитет во Прага, Чешка (1999) и на Новиот бугарски универзитет (2004). Тој е основач на „Радар Софија“, првата резиденција за странски драматурзи во Бугарија. За книгата „Филм“ Александар ја добива наградата на Гилдијата на бугарските писатели за најдобар дебитант во 2004 г., а неговите драми се одликувани со различни награди, меѓу кои и Националната награда за драматургија „Иван Радоев“ (2019). Александар е првиот бугарски писател претставен на фестивалот Theatertreffen во Берлин, Германија (2015). Неговите дела досега се преведени на повеќе од 15 јазици, неговата драматургија веќе се изучува во некои универзитетски програми во САД (Georgetown University), а неговото творештво е претставувано на повеќе од 50 театарски фестивали на четири континента. Превод на неговата драма „Државата“ од Натали Басанд, со предговор од Тим Ечелс, беше објавен во 2019 г. во Париз од L'espace d'un Instant/Maison d'Europe et d'Orient. По неговата турнеја во 2017 г. во вашингтонскиот ForumTheatre/Woolly Mammoth, DC Theatre Scene го нарече „редок творец“, Washington Post оцени дека неговото дело е „исклучително длабоко“, додека Broadway World го опиша пишувањето на Мануилов како „слично на магискиот реализам“. 

Приказни:

„Прашањата за чешмата на Ајлија“

 

Паулина Мичева

Завршила на СУ „Св. Климент Охридски“ – насоки „Класична филологија“ и „Историја“. Во текот на триесет години активно се занимава со наставна дејност како наставник по латински и старогрчки јазик во НГДЕК „Св. Константин Кирил Философ“ и во Меѓународната гимназија „Проф. д-р Васил Златарски“.

Соработува со различни медиуми, печатени и онлајн изданија во областа на културата и книжевноста. Долгогодишен соработник во фондацијата „Комунитас“ како експерт-оценувач во областа „Јазикознание“. Преведувач на уметничка и научно-популарна литература од англиски, француски и италијански јазик, со над 150 преведени книги. Работи како агент за преводна литература и уредник во издавачката куќа „Колибри“ и предава на СУ „Св. Климент Охридски“ на магистерските студии „Преведувач-уредник“.

.

Приказни:

„Гласот на Прима“

„Легенда за Градот на победата“

„На осмиот ден од Тауреон“

 

Ела Русева

Бугарските музеи се полни со неизмерни богатства, но често ги чуваат зад ѕидови од сложени термини што и на најљубопитниот посетител тешко му се разбирливи. Јонски ордер, стратиграфија, субструкција... Таквите зборови ги одбиваат луѓето и ги тераат да се чувствуваат глупаво. Затоа Ела Русева го создаде блогот „Блондинка во музеј“. Нејзината цел е да ја прикаже древноста онака како што заслужува – јасно, љубопитно и човечки. Ела умее да ги расположи и најзатворените научници за разговор (секој што комуницирал со научници знае какво постигнување е тоа!) и да ги „преведе“ нивните знаења на нормален, жив јазик. Доказ за успехот на овој пристап е фактот што блогот брзо се претвори во омилено место за илјадници читатели, кои со задоволство ја следат секоја нова објава. Следете ја и вие на www.blondinthemuseum.com!

 

Приказни:

„Граѓанка на Сандански донира огромно богатство на општината“

„Ѕвездата од Каменово“

„Писмо од другиот свет“

 

 

Александар Маринов – Санчо

фотографија: Милена Попова

Александар Маринов – Санчо се занимава со книжевен превод од и на англиски јазик и има богато искуство во уметничкиот превод (особено детската книжевност) и во преводот на неуметнички текстови во областа на биологијата и екологијата; живо се интересира за особеностите на различните типови писмен превод и за плодотворната заемодејност меѓу нив – од гледна точка на преведувачот. Неговото класично образование (дипломиран класичен филолог на СУ и магистер по медиевистика на ЦЕУ, Будимпешта) му дава многуслојност на погледот кон преводот и го води кон нестандардни решенија за некои преведувачки предизвици.