Епиграфските споменици сведочат за многу различни аспекти на човечкиот живот и затоа нудат бескрајни можности за подучување и учење – не само на граматиката на латинскиот и старогрчкиот јазик, туку и на историјата, географијата, книжевноста, уметноста, социологијата, природните науки и многу други училишни предмети. Натписите можат да имаат значајна улога во поттикнувањето на свесноста за културата и наследството, запознавајќи ги учениците уште од рана возраст со важноста на културното наследство и неговото зачувување. Најважно од сè, тие можат да ги научат учениците на универзалните вредности како нешто што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, помагајќи им да ги препознаат врските што ја одржуваат секоја заедница и го поттикнуваат нејзиниот напредок.
Постојат многу позитивни примери за воведување на епиграфиката во наставата, вклучувајќи посети на музеи, лапидариуми и археолошки локалитети, каде што учениците можат да ги видат материјалните споменици во нивниот соодветен контекст и да ги вклучат сите свои сетила за да истражуваат и учат.
Дигиталните збирки на натписи, сепак, нудат поинакви можности. Бидејќи се со отворен пристап, тие овозможуваат користење на епиграфиката дури и кога посетата на музеј или археолошки локалитет не е можна. Овие збирки се поврзани со многу други дигитални ресурси, што значително го олеснува процесот на подучување и учење. Тие се интерактивни, овозможувајќи им на наставниците и учениците лесно да ги следат своите интереси и љубопитност. Конечно, дигиталните ресурси и алатки им се природни на новите генерации.
Еве неколку предлози за наставниците за тоа како да ја користат дигиталната збирка на натписи и платформата за раскажување приказни PROMETHEUS за едукативни цели:
1. Запознајте ги учениците со основите на епиграфската култура. Објаснете накратко како се изработувале натписите во античко време и кои биле нивните цели. Разговарајте за различните категории на натписи. Побарајте од учениците да препознаат современи примери на гравирање – како што се посвети на споменици, надгробни споменици, деловни натписи, натписи на јавни згради, сообраќајни знаци или фрази врежани на секојдневни предмети, графити.
Потоа, замолете ги учениците да се послужат индексот на релации во дигиталната збирка ПРОМЕТЕЈ и да изберат еден поим – како на пример љубов, семејство или моќ – кој ќе го истражуваат во збирката на натписи и приказни. Во општа дискусија, поканете ги различните групи ученици накратко да објаснат што ги мотивирало да го изберат токму тој поим и што значат за нив љубовта, семејството или моќта. Потоа, замолете ги да читаат, гледаат или слушаат натписи и приказни поврзани со нивниот избран поим и да забележат како различните аспекти на еден натпис – како што се изборот на зборови, споменатите личности, структурата на текстот, декорацијата или обликот на споменикот – ја одразуваат таа конкретна идеја. На крај, дискутирајте дали избраниот поим имал иста вредност за луѓето во античко време како што има за нас денес. Поттикнете ги учениците да создадат свои приказни или да напишат есеи како домашна задача.
2. Изберете еден натпис од дигиталната збирка ПРОМЕТЕЈ. Замолете ги учениците да забележат каков е специфичниот облик на споменикот и каква е неговата декорација, и накратко објаснете како се изработувале натписите во античко време и каква била нивната намена. Ако учениците имаат основно познавање на латински или старогрчки јазик, можете да започнете со фотографијата и тие самите да ги идентификуваат буквите и да го транскрибираат натписот. Потоа, побарајте од нив да препознаат одредени зборови и да работат на преведување на текстот. Во зависност од нивното претходно знаење, можете да им помогнете со тоа што ќе им дадете список на старогрчки или латински зборови и ќе ги замолите да ги пронајдат нивните конкретни форми на фотографијата од натписот или во самиот текст. Покажете им на учениците како да користат онлајн речници за старогрчки и латински јазик, како и дигитални библиотеки на антички текстови.
Ако учениците немаат претходно знаење од грчки или латински јазик, користете го дадениот превод. Толкувајте ја содржината на натписот заедно и разговарајте за неговото значење и различните аспекти. Прочитајте, слушнете или погледнете приказна поврзана со натписот. Замолете ги учениците да ја опишат содржината со користење на еден или неколку клучни поими – како што се здравје, смрт, странци, жени итн. – и да најдат современи примери што одговараат на темите од натписот. Поттикнете ги да ги забележат сличностите и разликите меѓу античкиот и современиот свет. Дали ги споделуваме истите вредности како луѓето во античко време? Дали љубовта или тагата ги изразуваме на ист начин? Дали знаењето и успехот се подеднакво важни за сите? А што е со слободата и личната безбедност? Дискусијата може да се развие во многу различни насоки. Поттикнете ги учениците да создадат свои приказни или да напишат есеј како домашна задача.
3. Изберете тема и користете еден или повеќе натписи од дигиталната збирка и платформата за раскажување приказни ПРОМЕТЕЈ за да ги илустрирате клучните поенти и да поттикнете дискусија. На пример, за да дискутирате за статусот на жените во антиката искористете натписи како Тестаментот на Антестија Фуска од Стибера, Надгробниот натпис на Домитија Урса и Серенија Кварта од Сингидунум или Саркофаг на Ајлија од Никопол. За да разговарате за образованието во антиката искористете натписи како Почесен натпис за М. Улпиј Генијал од Стара Загора или База за статуа за Аврелиј Кратет, син на Птолемај, подигната од Дасаретите од Лихнид.
Споредете ги епиграфските сведоштва со достапните старогрчки и римски литературни извори. Научете ги учениците како да користат дигитални бази на податоци и материјали релевантни за темата. Замолете ги да најдат современи паралели поврзани со темата. Разговарајте како избраната тема може да се искористи за создавање на приказна која ќе го претстави епиграфското наследство пред пошироката публика. На крај, заедно создадете една приказна.
Ресурси за употреба на натписите за едукација:
Ashmolean Latin Inscriptions Project
The Attic Inscriptions: Education Project
School resources. British Epigraphic Society
Smith, L. Uses of Heritage, Routledge, Abington, Oxon – New York, 2006
Елена Џукеска
Бинго на камен
Оваа активност наставниците можат да ја спроведат во договор со локалниот лапидариум или музеј. Се препорачува оваа активност да се реализира по часовите, на кои учениците ќе се запознаат со основните типови на натписи, нивната намена, физичките и јазичните характеристики и нивното значење. Учениците би се запознале и со јазичните конвенции, формули, кратенки, лигатури и симболи (како на пример оние што значат кентурион или сестертиј) што се јавуваат на натписите. На самите часови треба да се одберат неколку репрезентативни натписи со различен характер (надгробен, вотивен; миљоказ, саркофаг, жртвеник, и сл.), да се прочитаат и објаснат кратенките, формулите и самата содржина на текстот.
Активноста Бинго на камен е добра можност учениците преку игра да го применат знаењето стекнато во училница и да дојдат во допир со вистински натписи. Главната задача во оваа игра е учениците правилно да ги пополнат своите „бинго“ картички со задачи, пронаоѓајќи ги одговорите на натписите. Учениците треба да се поделат во групи (на пример: од по четворица) и да им се поделат картички со задачи. Картичките можат да содржат задачи како пронаоѓање на специфични формули, симболи, лигатури, имиња на божества и слично. Најважно е сите одговори да можат да се најдат со читање на натписите. Исто така, се препорачува задачите да бидат исти, но распоредот на поимите што се бараат на „бинго“ картичките не мора да биде идентичен за секоја група. Наставникот може да осмисли и симболични награди за групата што прва ќе ја пополни својата „бинго“ картичка точно (на пример: стикери, обележувачи за книги и сл.).
Материјалите што се дадени во прилог содржат задачи на латински јазик, но може да бидат и на мајчиниот јазик.
Јелена Вукојевиќ






Детективи во лапидариум
Оваа активност наставниците можат да ја спроведат во договор со локалниот лапидариум или музеј. Се препорачува оваа активност да се реализира по часовите, на кои учениците ќе се запознаат со основните типови на натписи, нивната намена, физичките и јазичните характеристики и нивното значење. Учениците би се запознале и со јазичните конвенции, формули, кратенки, лигатури и симболи (како на пример оние што значат кентурион или сестертиј) што се јавуваат на натписите. На самите часови треба да се одберат неколку репрезентативни натписи со различен характер (надгробен, вотивен; миљоказ, саркофаг, жртвеник, и сл.), да се прочитаат и објаснат кратенките, формулите и самата содржина на текстот.
Активноста Детективи во лапидариум е добра можност учениците преку игра да го применат знаењето стекнато во училница и да дојдат во допир со вистински натписи. Во оваа активност, нивната главна задача е да ги пронајдат зададените таинствени натписи. Учениците треба да се поделат во групи (на пример: од по четворица) и да им се поделат материјали со симболична претстава на натписното поле и со навестувања, што ќе им помогнат да откријат за кој натпис станува збор. Навестувањата се делови од текстот на зададениот натпис, па затоа е неопходно да ги читаат натписите што се наоѓаат во лапидариумот. Кога ќе го пронајдат, потребно е на материјалите да го дополнат текстот на натписот врз основа на она што го гледаат на самиот споменик. Потоа, со помош на наставникот, натписот се дешифрира, преведува и објаснува. По завршувањето на активноста, на учениците може да им се поделат и решенијата на вежбата, односно целосните читања на таинствените натписи.
Материјалите што се дадени во прилог направени се имајќи го предвид лапидариумот на Музејот во Срем, но активноста може да биде прилагодена со материјали од колекцијата на кој и да било музеј или лапидаријум.
Јелена Вукојевиќ









Камен по камен
Ову активност наставници могу спровести у договору са локалним лапидаријумом или музејом. Препорука је да се активност реализује након часова на којима би ученици били упознати са основним врстама натписа, њиховом наменом, физичким и језичким карактеристикама и њиховим значајем. Ученици би били упознати и са језичким конвенцијама, формулама, скраћеницама, лигатурама и симболима (попут оних које означавају центуриона или сестерције) који се појављују на натписима. На самим часовима треба одабрати неколико репрезентативних натписа различитог карактера (надгробни, вотивни; миљоказ, саркофаг, жртвеник, и сл.), прочитати их и објаснити скраћенице, формуле и саму садржину текста.
Активноста Камен по камен е добра можност учениците преку игра да го применат знаењето стекнато во училница и да дојдат во допир со вистински натписи. Во оваа активност учениците имаат задача, користејќи ги натписите, да ги решаваат поставените предизвици чекор по чекор. Учениците треба да се поделат во групи (на пример: од по четворица) и да им се подели првата задача. Секоја група го започнува предизвикот со истата задача и ја добива следната дури откако успешно ќе го реши претходниот чекор (така што ќе го напише одговорот или ќе го покаже директно на натписот). Целта е секоја група успешно да го заврши секој чекор. Задачите можат да бараат од учениците да препознаат лигатури, формули, кратенки, датуми и други јазични и епиграфски специфичности. Заради полесно следење на кој чекор е некоја група, се препорачува картичките со задачите за секоја група да бидат во различна боја.
Материјалите што се дадени во прилог содржат задачи на латински јазик, но може да бидат и на мајчиниот јазик.
Јелена Вукојевиќ


