17 )
1 )
1-2 )
3-4 )
4 )
5 )
5-6 )
7 )
9 )
9-10 )
11 )
12 )
13 )
14 )
15 )
16 )
17 )
18 )
19 )
19-20 )
20-21 )
21 )
22 )
Најден во урнатините на ранохристијанската базилика во Суводол во 1931 г.
Месеснел, Франце. Гласник скопског научног друштва 11, 1932, стр. 210 (fragm. c)
Вулић, Никола. Споменик 77, 1934, бр. 10, фот. (fragm. a, c)
Вулић, Никола. Споменик 98, 1941-1948, бр. 60, фот. (fragm. a-c)
Peek, Werner. Griechische Vers-Inschriften, I: Grab-Epigramme, 1955, no. 1403a (fragm. a-c)
Vérilhac, Anne-Marie. ΠΑΙΔΕΣ ΑΩΡΟΙ - Poésie funéraire, I, 1978 no. 58 (fragm. a-c)
Inscriptiones Graecae X 2, 2, 27, T. VI (fragm. a-c)
Дали знаете што е cento песна? Дали некогаш сте прочитале или сте се обиделе да напишете таква песна? Латинскиот збор cento значи „закрпена ткаенина“, а истата идеја на старогрчки се изразувала со зборот κέντρων. И двата термина се користеле и за да се опишат стихови составени од делови од песни на други автори.
Значи, cento е книжевно дело составено во целост како колаж од стихови или пасуси на други писатели, песна-колаж. Еден познат современ пример е „Пустата земја“ на Т. С. Елиот, која започнува со цитат од Сатирикон на Петрониј (Глава 48.8).
Nam Sibyllam quidem Cumis ego ipse oculis meis vidi in ampulla pendere, et cum illi pueri dicerent: Σίβυλλα τί θέλεις; respondebat illa: άποθανεῖν θέλω.
"Јас лично, со свои очи ја видов Сибила затворена во шише, а кога момчињата ѝ рекоа ‘Сибила, што посакуваш?,’ таа одговори, ‘Сакам да умрам.’"
Пишувањето cento (или κέντρων) било позната книжевна практика веќе во хеленистичкиот и римскиот период, иако само мал број стихови од cento песни составени од стихови на Хомер и Вергилиј се зачувани. Еден натпис откриен во 1931 година меѓу остатоците од стара базилика близу селото Суводол, во денешна Северна Македонија – во античкиот регион Линкестида – претставува уникатно сведоштво за популарноста на оваа книжевна форма во Римската империја.
Натписот, објавен под број 27 во Inscriptiones Graecae, том X.2.2.1, потекнува од III век н.е. и денес се чува во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија. Тој бил врежан на бела мермерна плоча што служела како база на колона. Сепак, содржината на натписот укажува дека неговата примарна функција била да биде дел од надгробен споменик. Станува збор за посмртна песна составена од хомерски стихови, посветена на Евгениј.
Но, која е приказната на Евгениј? Песната не нуди јасни информации за точната возраст на починатиот, за неговото семејство, ниту за тоа кој го подигнал споменикот. Таа се состои исклучиво од хомерски стихови и алузии на епската поезија ‒ па сепак, можеби во самиот текст се кријат траги што ни овозможуваат да ја наѕреме судбината на Евгениј.
Песната е составена како дијалог со починатиот, во второ лице еднина. Започнува со молитва – едноставна желба упатена кон мртвото дете: „Почуј ме, чедо ти мое, и воскресни за родителите свои.“ Овој почетен стих ни открива дека двајцата родители на Евгениј биле живи во моментот на неговата смрт. Но, јазикот низ целата песна укажува дека еден говорник – од машки род – му се обраќа на детето, што најверојатно значи дека таткото е оној што зборува.
Во следниот стих има прашање: „Зошто си оставил светлина слатка и си дошол во мракот?“ Метафората на животот како светлина и смртта како темнина е вообичаена, но во овој стих има и нешто друго. Прашалниот збор τίπτε кај Хомер обично се користи за да изрази изненадување заради неочекуван или ненадеен настан – најчесто нечие појавување или заминување. Дали, тогаш, смртта на Евгениј била токму такво ненадејно и неочекувано заминување?
Овие стихови, заедно со следните, имаат блиски паралели во Хомеровата „Одисеја“ и потсетуваат на познати сцени од епот – како што се: Посетата на Одисеј на подземниот свет; Собранието на боговите каде што Атена го убедува Зевс да му дозволи на Одисеј да се врати дома; Средбата на Атена, преоблечена во странец, со Телемах, и Собранието што го свикал Телемах за да се соочи со просците на мајка му. Мудроста и побожноста на Евгениј се фалат како мудроста и побожноста на Одисеј, а неговата убавина се споредува со убавината на Телемах. Таткото на Евгениј тагува како стариот Ајгиптиј, којшто, иако има и други живи деца, не може да го заборави својот син Антиф, што го следел Одисеј и бил проголтан од Киклопот.
Посмртната песна потоа продолжува:
Користењето на стиховите 47–48 од првата книга на „Одисеја“ –
во натписот од Линкестида не е случајност, ниту пак е само поетска слика. Напротив, станува збор за намерна алузија, што сугерира дека Евгениј, како и Одисеј, страдал далеку од своето семејство.
Останатиот дел од натписот е оштетен, но во седумнаесеттиот ред се појавува хомерската фраза σε τυτθὸν ἐόντα („кога беше млад“), а стихот веројатно гласел:
„Кој те предаде, кога беше млад, на зла судбина?“
Ова укажува дека Евгениј умрел млад, и дека неговата смрт најверојатно била насилна.
Овој надгробен споменик, како и други од регионот Линкестида, сведочи за писменоста на локалното население во периодот на Римската империја. Хомер бил добро познат низ целиот грчко-римски свет, а учењето на неговите стихови било дел од παιδεία – образованието што се сметало за неопходно за успешен живот. Следствено, обидот да се создаде cento од хомерски стихови открива човек доволно образован за да се зафати со таква задача.
Но уште поважно, овој надгробен споменик сведочи за вечната моќ на поезијата – како средство за изразување лична тага, за надминување на загубата, и за наоѓање утеха во најтешките мигови на човечкиот живот.
Елена Џукеска