A 3 )
A 6 )
A 10 )
A 13 )
A 14 )
B 2 )
B 3 )
B 4 )
B 5 )
B 6 )
C 3 )
C 4 )
B3 )
B4 )
B5 )
B6 )
C1 )
C2 )
C3 )
C4 )
р. 5-7: За Горна Македонија во римско време биле типични организациите во една заедница (κοινόν, ἔθνος) на помали населби или села кои гравитираат околу една централна градска населба, позната кај Линкестите, Орестите и кај Елимиотите, кои биле дел од териториите кои во историските извори се нарекуваат слободни, а се потврдени преку натписи. Преку натписите е потврдено дека истата организација ја имале Дериоп и Стибера, а сличен е случајот и со Дасаретите и градот Лихнид. р. 8-9, 11-12: Покрај овој натпис е пронајдена уште една база за статуа на Инстеија Никополис, мајката на Инстеиј Александар, која според одлука на советот на неокоријата Септимија Аврелија Стибера и собранието на Дериопите била поставена во градот како знак на почит за нејзината доблест. Фамилијата Инстеии во Стибера ни е позната и од списоците на ефебите од 87/8 г., 116/7 г. и 121/2 г. кои биле поставени во гимнасионот, а припадниците на семејството се набројани не само како ефеби, туку имале и еден гимнасијарх и еден првенец на ефебите, а познат ни е и еден свештеник на Херакле во 247/8 г. (Види ). Фамилијата речиси со сигурност го добила својот номен од Марк Инстеиј, кој бил офицер близок до Марк Антониј и по неговото доаѓање во Македонија по граѓанските војни, на самиот почеток од оформувањето на провинцијата, станал патрон на значајни фамилии во регионот, кои во најголем број се потврдени во Стибера и во Бероја.
Кепеска, Лилјана. Кепески, Костадин. Почитување на царскиот култ во Стибера, Macedoniae acta archaeologica 20, 2011, стр. 320-322, (само од фотографија No. 7)
Kalpakovska, Vesna. Jandreska, Olivera. Death elegy additionally inscribed upon an honorary monument in Styberra, Monumenta 5, 2020, pp. 583-591, photos 2, 6, 7-9.