5 )
6 )
Натписот е откриен како површински наод близу селото Бардовци. Пренесен е во Куршумли ан во 1933 година. Марк Октавиј Валенс бил родум од Стоби, а неговата припадност на трибата Aemilia покажува дека жителите на Стоби кои стекнувале римско граѓанско право биле впишувани во оваа триба, како што е потврдено и на повеќе натписи од Стоби. Натписот дава информација дека во Стоби имало регрутирање за V македонска легија, што е потврдено и преку надгробен натпис од Стоби (IG X 2, 2, 536). Во Скупи е потврдена уште на еден надгробен натпис на ветеран (IMS VI, 43). Петтата македонска легија, заедно со IV Скитска во периодот 6–9 год. биле дел од мезиската војска, а во 33/4 год. обете го сочинувале првиот римски гарнизон на Дунав. Во 45 год. била дел од војската што го задушувала востанието во Тракија, а во 62 год. била префрлена во Сирија и повторно вратена назад во 71 год., по поделбата на провинцијата и од 86 год. имала логор во Ескус во Долна Мезија. Ова покажува дека Марк Октавиј Валенс дошол во Скупи во периодот пред 62 год. или по 71 год.
Вулић Никола, Споменик 47, 1909, бр. 67, фот.
Vulić Nikola, Jahreshefte des österreichischen archäologischen Institutes in Wien 13, 1910, Beiblatt 216, no. 29
Вулић Никола, Споменик 98, 1941-48, бр. 69, фот.
Inscriptions de la Mésie Supérieure, vol. VI: Scupi et la région de Kumanovo, par B. Dragojević–Josifovska sous la direction de F. Papazoglou, Beograd, 1982, no. 42 (photo)
Inscriptiones Graecae X 2, 2, 612