Промовирање универзални вредности преку дигитална епиграфика и културно наследство
Добредојдовте во дигиталната збирка на натписи и приказни PROMETHEUS Истражете го нашиот избор на антички грчки и латински епиграфски споменици од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Бугарија за да дознаете како живееле луѓето за време на римскиот царски период. Откријте како љубеле и тагувале, од што се плашеле и кон што се стремеле, во што верувале и на што се надевале. Дигиталната збирка на натписи и приказни PROMETHEUS е резултат на проектот PROMETHEUS — Промовирање универзални вредности преку дигитална епиграфија и културно наследство, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија (потпрограма „Култура“), Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Министерството за култура на Република Бугарија, Министерството за култура и информации на Република Србија и партнерите на проектот. За да ги разгледувате натписите и приказните според конкретни критериуми, користете ги менито Филтри и Индекси. За дополнителни информации за натписите, нивната содржина и достапните ресурси за епиграфија, класични студии, наставни материјали и дигитални алатки, консултирајте го нашиот Прирачник.
PROMETHEUS — Промовирање универзални вредности преку дигитална епиграфика и културно наследство е мал проект за соработка, кофинансиран од програмата на ЕУ „Креативна Европа“, насока „Култура“. Тој е кофинансиран и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Министерството за култура и информирање на Република Србија и Министерството за култура на Република Бугарија, како и од партнерите во проектот. Времетраењето на проектот е 2 години (2024–2025). Конзорциумот на проектот вклучува 5 институции од 3 држави: Северна Македонија, Бугарија и Србија. Координатор на проектот е Археолошкиот музеј на РСМ во Скопје, а останатите партнери се Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград, Институтот за балканистика при Српската академија на науките и уметностите, Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Активностите на проектот се поделени во пет работни пакети (РП): 1) Управување, администрација и координација; 2) Градење капацитет; 3) Вмрежување и споделување знаење; 4) Дигитализација на епиграфски споменици; 5) Комуникација и дисеминација.
Епиграфските споменици се важен дел од културното наследство и вреден извор на информации за минатото. Тие сведочат за секакви аспекти на човечката цивилизација и даваат важни податоци за секојдневниот живот, општествените институции, политиката и културата. Повеќе од сите други пишани историски извори, натписите се лични сведоштва. Тие документираат љубов, загуба, тага, надеж, вера, благосостојба, чест, гордост, почит, успех, власт и авторитет, слобода, мир, војна. Затоа тие претставуваат корисна алатка за препознавање и промовирање на универзални човечки вредности. Земјите од Југоисточна Европа и Балканот располагаат со значително епиграфско наследство од грчко-римско време, кое ги одразува животот, културата и историјата на локалните народи и нивните односи со цивилизациите на Стара Грција и Античкиот Рим. Натписите на свој специфичен начин раскажуваат за припадноста и разновидноста и можат да ни помогнат подобро да ги разбереме овие прашања во контекст на општoчовечките вредности. Сегашната војна во Украина и нејзините последици за Европа и за остатокот од светот уште еднаш нè потсетуваат дека одржувањето на хуманоста е обврска на секоја генерација. Епиграфското наследство има потенцијал да ја научи публиката, особено помладите генерации, за важноста на оваа обврска.
Во последните децении епиграфиката доживеа значителна еволуција како дигитализирана област на истражување. Создадени се различни дигитални корпуси на натписи што одговараат на највисоки научни стандарди. Започнати се бројни иницијативи што го промовираат користењето дигитални технологии за претставување на содржината на епиграфските споменици пред поширока публика, за поттикнување на изучувањето грчки и латински јазик, како и за популаризирање на запознавањето со историјата и културата.
Сепак, постојните дигитални модели за претставување музејски колекции и археолошки локалитети сè уште се двоумат целосно да ја искористат пишаната содржина на натписите за активно ангажирање на публиката. Дигиталното објавување натписи во југоисточноевропските и балканските земји сè уште е слабо застапено. Музеите општо земено имаат потреба од модели за привлекување нови публики и за нивно ангажирање во доживувањето и восприемањето на културното наследство преку дигиталната епиграфика. Меѓународната соработка меѓу културните институции во земјите од регионот има потреба од продлабочување.
Целта на соработката меѓу Археолошкиот музеј на РСМ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Филозофски факултет), Република Северна Македонија, СУ „Св. Климент Охридски“ (Факултет за класични и нови филологии), Софија, Република Бугарија, Институтот за балканистика при САНУ и Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград, Република Србија, е да се соединат веќе утврдените успешни практики во дигиталното издавање натписи и во примената на епиграфиката како образовно средство, со цел активно ангажирање различни публики и популаризирање на епиграфското наследство врз основа на промовирање на општoчовечките вредности.
Овој проект има за цел да ја поттикне транснационалната креативност и циркулација и да го подобри капацитетот на културните институции за иновации и развој. Главен фокус на активностите е подобрување на пристапот до културата и на взаемното дејствување со неа кај различни категории публика, како и ангажирање и зголемување на публиката и во физичка и во дигитална средина. Активностите се исто така насочени кон градење капацитет, обука, професионален развој и дигитализација.
За да се постигнат овие цели, соработката меѓу југоисточноевропските и балканските земји и други држави во Европа е фокусирана на создавање дигитална колекција од старогрчки и латински епиграфски споменици од подрачјата на Северна Македонија, Србија и Бугарија, придружени со соодветни дигитални ресурси за нивна употреба од стручна и нестручна публика. Оваа соработка ја потпомогнува слободната размена на искуство, добрите практики и знаењето во областа на дигиталната епиграфика и претставувањето и популаризирањето на епиграфското наследство меѓу институциите ангажирани во различни аспекти на заштитата и управувањето со културното наследство. Таа го унапредува капацитетот на музеите, археолошките локалитети и образовните институции да дигитализираат и документираат епиграфски споменици и да создаваат и развиваат сопствени дигитални корпуси на натписи. Уште поважно — им помага да ги истражат можностите за применување на постојните и за создавање и развој на нови модели за кодирање и електронско објавување натписи, коишто ќе ја ангажираат пошироката публика на начини што му овозможуваат на секого да ги препознае човечките вредности како врска меѓу минатото, сегашноста и иднината, врска што ги поврзува луѓето без оглед на пол, раса, религија, јазик, народност. Проектот го унапредува и капацитетот на овие институции да ги претставуваат локалните епиграфски споменици и културното наследство од антиката на начин што ќе му овозможи на секого да ги препознае како дел од европскиот културен простор.
Најпосле, проектот има за цел да го засили капацитетот на културните институции за потесна соработка со училиштата и универзитетите и за организирање настани и активности во кои обучуваните ќе имаат можност да ги применуваат своите дигитални вештини, да го ценат културното наследство и истовремено да изучуваат грчки и латински, епиграфика, историја, да дознаваат повеќе за грчко-римските корени на европската цивилизација и современата култура, како и да ги развиваат своите способности за анализа на прашања поврзани со разновидноста, инклузијата, родовата еднаквост и животната средина од дијахрона перспектива и од перспективата на општoчовечките вредности.
Резултатите од проектот ќе бидат дигитални и со отворен пристап, достапни за примена од културни, образовни и истражувачки институции, како и од разновидни публики ширум светот.
Published on 29.12.2025 by
На 11 декември 2025 г. тимот на проектот PROMETHEUS од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ одржа интерактивна работилница со ученици од 10. клас (профил Историја и географија) во Националната природно-математичка гимназија „Акад. Љубомир Чакалов“.
Published on 29.12.2025 by
На 26 декември 2025 г. проектот PROMETHEUS организира Prometheus Matinee – специјален настан што собра студенти по класични студии на разговор посветен на проектот. Матинето се одржа на Филозофскиот факултет при Белградскиот универзитет, на Катедрата за класична филологија, во салата „Милан Будимир“.
Published on 29.12.2025 by
На 22 декември 2025 г. проектот PROMETHEUS беше претставен онлајн пред публика од наставници по класични јазици во Белград. Настанот беше структуриран во два меѓусебно надополнувачки дела и беше фокусиран на разгледување на резултатите од проектот и нивната практична примена во наставата.
Приказни инспирирани од антички споменици и натписи. Тие нè нурнуваат во духот на епохата, откривајќи ги доживувањата на авторот и јунаците од натписите.
Learn more
Антички споменици проучувани со години од нашиот меѓународен тим. Дешифрирани и кодирани за подобра машинска обработка и презентација.
Learn more
Собрани и категоризирани во процесот на дешифрирање на натписите. Заеднички елементи со дополнителни информации што помагаат во проучувањето на спомениците.
Learn moreПогледни го овој споменик, драги, и прашај кој го подигна: во жал по мене Хермоген, и од жал за нашето чедо Текла, со красни кадрици — ја одзеде семоќната судбина. Без свадба да видела, без со маж постела да делела, без страста да ја познае, при Бога чиста отиде. Ако сакаш и мене и синот мој по име да нè знаеш, слушај, пријателе: Демостен беше моето храбро чедо, јас сум Матрона, градот на Победата ми беше татковина. - Јас, ете, четврта по ред, овде крај синот сум положена.
Learn storyЖешко е и нема многу луѓе наоколу; само неколкумина се забележуваат зад колоните на стоата, каде што се засолнале од жестоките јулски зраци. Тивко е дури и пред храмот. Две момчиња, не постари од шеснаесет години, излегуваат од гимназиумот — штотуку им завршија часовите. Очигледно никаде не им се брза.
Learn storyДали има некој што може да остане рамнодушен кон овој тажен натпис? Пред 1800 години, роднините на малата девојка подигнале олтар во нејзин спомен. Веројатно често оделе таму за да се сетат на неа. Да остават храна, вино и подароци, како што правиме денес на Задушница.
Learn storyДа имаш сестра што божицата Афродита ја претворила во ѕвезда – звучи како голема предност. Додека сите други роднини се караат кој ќе го наследи овоштарникот, ти можеш едноставно да покажеш кон небото и да кажеш: „Па јас имам сестра меѓу ѕвездите! Ништо друго не ми треба“.
Learn storyДали знаете што е cento песна? Дали некогаш сте прочитале или сте се обиделе да напишете таква песна? Латинскиот збор cento значи „закрпена ткаенина“, а истата идеја на старогрчки се изразувала со зборот κέντρων. И двата термина се користеле и за да се опишат стихови составени од делови од песни на други автори.
Learn storyPromoting Universal Values through Digital Epigraphy and Cultural Heritage