3 )
4 )
5 )
6 )
8 )
Посветата е своевиден отчет, кој фрла светлина врз празниците на божицата што ги реализирал женскиот дел од населението. Вклучени се стандардните жртвопринесувања и поворки, но и собирање цвеќе (веројатно во врска со пролетниот празник на божицата), гозби за граѓанките и за членовите на советот и „засладување“, т. е. делење слатки и засладено вино. Како и кај други натписи поврзани со храмот и култот, се создава впечаток дека почитта кон Понтската Мајка се остварувала повеќе преку јавни ритуали (или барем на нив им се давала гласност), одошто преку мистериски обреди (таинства) достапни само за мал круг посветени. Свештеничката носи тракиско име, иако патронимот ѝ е грчки. Од последната фраза во текстот би можеле да заклучиме дека и нејзини предци извршувале слични должности; се разбира, причината за нагласувањето на „обичајот на татковците и предците“ би можела да биде желбата на свештеничката да ја посведочи својата припадност кон локалните традиции. Треба да се нагласи и тоа, дека во многу семејства се гледа наклонетост кон тракиските имиња само кај жените, додека мажите носат вообичаени грчки или римски имиња. Сопругот на Ѕука е свештеник на главниот бог на градот, Дионис, што можеби упатува на врска со некој од старите дионисополски родови.
Николай Шаранков, Античните надписи на Дионисопол. София, 2024, p. 139-141, № 48.