Погледни го овој споменик, драги, и прашај кој го подигна: во жал по мене Хермоген, и од жал за нашето чедо Текла, со красни кадрици — ја одзеде семоќната судбина. Без свадба да видела, без со маж постела да делела, без страста да ја познае, при Бога чиста отиде. Ако сакаш и мене и синот мој по име да нè знаеш, слушај, пријателе: Демостен беше моето храбро чедо, јас сум Матрона, градот на Победата ми беше татковина. - Јас, ете, четврта по ред, овде крај синот сум положена.
Learn storyЖешко е и нема многу луѓе наоколу; само неколкумина се забележуваат зад колоните на стоата, каде што се засолнале од жестоките јулски зраци. Тивко е дури и пред храмот. Две момчиња, не постари од шеснаесет години, излегуваат од гимназиумот — штотуку им завршија часовите. Очигледно никаде не им се брза.
Learn storyДали има некој што може да остане рамнодушен кон овој тажен натпис? Пред 1800 години, роднините на малата девојка подигнале олтар во нејзин спомен. Веројатно често оделе таму за да се сетат на неа. Да остават храна, вино и подароци, како што правиме денес на Задушница.
Learn storyДа имаш сестра што божицата Афродита ја претворила во ѕвезда – звучи како голема предност. Додека сите други роднини се караат кој ќе го наследи овоштарникот, ти можеш едноставно да покажеш кон небото и да кажеш: „Па јас имам сестра меѓу ѕвездите! Ништо друго не ми треба“.
Learn storyДали знаете што е cento песна? Дали некогаш сте прочитале или сте се обиделе да напишете таква песна? Латинскиот збор cento значи „закрпена ткаенина“, а истата идеја на старогрчки се изразувала со зборот κέντρων. И двата термина се користеле и за да се опишат стихови составени од делови од песни на други автори.
Learn storyНа осамено место кај Добри Дол — каде што гранките и тревките се брануваат со ветерот, а земјата сè уште чува вековни спомени — е откриена мермерната стела која стои со тивка достоинственост. Изработена во раниот II век н.е., нејзиното присуство отчукувало во срцето на римска Македонија, притоа истакнувајќи го значењето на Скупи како римска колонија, чии пространства и villae rusticae излегувале далеку од административниот центар на градот, некогаш исполнети со живост.
Learn storyНа северот од античка Македонија, на местото каде што реката Црна се влева во Вардар, се наоѓал градот Стоби. Римскиот историчар Тит Ливиј во својата историја веќе го споменува Стоби како стар град. Благодарение на својата стратешка положба на крстопатот на важни трговски патишта, Стоби прераснал во значаен економски и културен центар, а во времето на римското царство имал статус на муникипиј (municipium). Меѓу многуте заедници што живееле во овој космополитски град, Еврејската оставила длабока трага во неговата историја.
Learn storyКон крајот на XIX и почетокот на XX век љубопитни учени почнале да ги посетуваат селата во Македонија и на територијата на прилепското село Чепигово на површината на земјата почнале да забележуваат уметнички изработки од мермер, а неколку биле вградени како сполии во селската црква. Така тие дознале дека некогаш таму имало град кој се нарекувал Стибера, токму така како што пишувале историографите Страбон и Стефан Бизантиски пред многу векови. Наоколу се појавиле и делови од статуи на мажи и жени во натприродна големина.
Learn storyЛихнид, денешниот Охрид својот најголем подем го доживеал во доцнохеленистичкиот и раноцарскиот период. Во тие древни времиња, кога Рим царувал со светот, над Лихнид владеел pax Romana - мир што не бил тишина, туку здив на живот. Луѓето во него биле слободни и бил далеку од тропотот на легиите, но на самиот пат Виа Егнатија, артеријата што го сврзувала Истокот и Западот, по која минувале трговци со свила, мудреци со книги, поети со стихови, и секој од нив оставал по еден збор, по една мисла, по една светлина.
Learn storyОвој град, зафрлен на крајбрежјето на Евксински Понт, со бели мермерни храмови и камени улици и sидови кои долго ја држат топлината на летното сонце, е мојот дом. За толку години овде нема плочка по која моите нозе не стапнале. Седефните школки се закачиле на каменот и нашиот град сјае под сонцето.
Learn story